ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Директорот на МЕПСО: Ни требаат 30 милиони евра

Директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани во „Економски Магазин“ на Алсат изјави дека им се потребни средства за енергетската криза. Како што посочи тој, во моментов им требаат 30 милиони евра, за што имале допис до институциите.
„Нам како МЕПСО во моментов ни се потребни околу 30 милиони евра за што писмено се имаме обратено до Владата, Министерството за економија, Регулаторната комисија за енергетика и Министерството за транспорт и врски“, рече Рамадани.