ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дисциплинска за полицајците кои го пуштија Груби

Двајца полициски службеници ќе се соочат со дисциплински постапки, а едниот од нив е суспендиран откако внатрешната контрола на МВР утврдила дека не постапиле во согласност со правилата во моментот кога екс вицепремиерот Артан Груби ја поминал границата на Блаце, објави Сител.

Advertisements

Еден од нив е полицискиот службеник кој работел на пасошка контрола. Тој не ја испочитувал целата постапка и не почекал системот да ги исфрли потребните информации пред да му го врати пасошот на Груби. Вториот полициски службеник е раководителот на смената кој иако знаел не преземал ништо за да им овозможи на полициските службеници функционални лични камери.

Груби и Бајрами и натаму се во бегство најверојатно во Косово. Адвокатот на Бајрами, Антонио Апостолски вчера за Сител рече дека неговиот клиент не е во бегство туку подолг период не живее во Македонија додавајќи дека најдобро ќе биде тој да се врати во земјава и да се соочи со судската постапка.

Груби последен пат на социјалните мрежи се јави во неделата и оттогаш мусе губи секаква трага.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button