ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИЦ на стручен колегиум ќе одлучува како ќе се оценува испитот од саботата

Државниот испитен центар денеска на стручен колегиум ќе одлучува како оценувачите ќе постапат во однос на испитот по мајчин јазик што се спроведе во саботата откако беше пријавено масовно препишување.

Размислувањата се онаму каде е констатирано дека се препишувало тестовите да бидат поништени.

Од ДИЦ додаваат и дека онаму каде што ќе откријат дека тестаторите толерирале препишување и истото биде поткрепено со доказ за тоа ќе ги известат надлежните институции.

Дополнително договорен е и состанок со Министерството за образование и наука, каде дополнително би се договориле и други мерки насочени и кон останатите инволвирани лица во процесот на полагање државна матура.

Откако матурантите и лани препишуваа од Вибер група, покрај одлуката за полагање во холовите и спортските сали, од ДИЦ беше спомената и можноста за инсталирање на блокатори за телефонски сигнали во училиштата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button