Дивата депонија во Липково со години ги труе жителите
Дивата депонија во Липково со години ги труе жителите

Дивите депонии во земјава се наследуваат од градоначалник до градоначалник, но никој не презема ништо за нивно чистење и изнаоѓање трајно решение. Надежта е во изградба на регионални депонии, за чија изградба се потребни години.
„Овој пат кој води до село Никуштак поминува низ природа, но не можете да уживате бидејќи има депонија, односно на територијата на општина Липково, ги труе жителите од околните села со години. Овој отпад постојано гори и како што можете да видите површината која е покриена со отпад, од година во година се зголемува сè повеќе“, известува Еви Шкопи- новинар.
По само неколку минути во селото почнавме да чувствуваме печење во градите. Со ова чувство секојдневно се будат и живеат жителите на селото Орланци, кое се наоѓа блиску до депонијата.
Пред една година кога го посетивме ова село поради истиот проблем, жителите се пожалија дека не ги отвораат прозорците за да ги проветрат куќите бидејќи наместо чист воздух, куќата се полни со отрови од запаленото ѓубре. Многу од нив, од деца до постари, имаат здравствени проблеми.
Алсат испрати неколку прашања до градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи, но не добивме одговор.
Прашања до општина Липково:
Што планирате да направите за да го решите овој проблем?
Излегуваат ли општински инспектори во тој регион?
Ако да, колку санкции се изречени досега?
Дали имате планови за долгорочно решение на проблемот?
Пред една година од општината ни рекоа дека дивите депонии се во надлежност на централната власт и оти оттаму чекаат да ги известат кога ќе почнат со дислокација на отпадот во нова регионална депонија, но таква сè уште не е ни изградена.
Еви Шкопи