Диви депонии кај Арачиново и Орланце ги трујат жителите

Оваа дива депонија на стариот пат од Арачиново кон Липково дочека и испрати многу градоначалници и многу министри за екологија. Тие на почетокот на мандатот претставуваа големи планови и визии за тоа како ќе го решат проблемот. Сепак, како што кажува и самата слика, зборови многу, а работа малку.
“Кога спомнуваме село, веднаш помислуваме на свеж и чист воздух, но по само неколку минути тука, веднаш почнавме да чувствуваме стегање во градите. Со вакво чувство се будат секој ден граѓаните на Орланци кое се наоѓа блиску до депонијата. Енвер Садики е жител на ова село. Вели дека не можат да ги отворат прозорците за да ја проветрат куќата бидејќи наместо чист воздух, собите се полнат со смрдеа од запален смет”, изјави Еви Шкопи- новинарка
„Пред некое време мајка ми рече дека нешто гори во куќата, но видовме дека мирисот доаѓа од горе. Се случува понекогаш кога горе ќе се запали ѓубре, селото воопшто да не се гледа од чадот. Кога се пали ѓубрето, мора да ги затвораме прозорците и вратите и да излеземе надвор само ако навистина имаме потреба“, рече Енвер Садики- жител на Орланци
Оваа депонија труе веќе неколку генерации. Незир Незири вели дека отпадот неповратно им го уништува здравјето.„Овој отпад е таму многу години. Ни пречи. Секогаш сме молеле, сме реагирале и ништо не е направено. Ништо не е направено за да се отстрани ѓубрето некаде подалеку. Многу луѓе се болни поради оваа депонија. Ни го уништува здравјето. Се појавуваат болести“, Незир Незири- жител на Орланце
Од општина Липково велат дека дивите депонии преминале во надлежност на централната власт и од отаму чекаат да бидат информирани кога ќе можат да почнат со дислокација на отпадот во некоја регионална депонија, но не даваат информации кога може да се очекува такво нешто. Жителите на Орланце се меѓу два огна бидејќи освен дивата депонија, многу блиску до нив е и депонијата кај Арачиново. И ова наликува на дива депонија, но со единствена разлика што е заѕидана. Градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими се надева дека ќе се постигне договор за отпадот да се носи во скопската главна депонија „Дрисла“
„Денеска на територијата на Арачиново, управува еден човек, физичко лице, според информациите што ги имам, не е ниту правно лице. Има неколку камиони и излегува го собира отпадот и го фрла на излез од нашата општина. Во рамки на општината да имаме општинско претпријатие и тоа да управува со отпадот. Добро ќе биде отпадот да заврши во Дрисла“, рече Ридван Ибраими- Градоначалник на Арачиново
Ветувања дека проблемот ќе се реши даваа и претходните градоначалници на Арачиново и Липково, особено во предизборните кампањи. /Алсат.мк
Еви Шкопи