ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДКСК ја прошири истрагата за Рашковски

Освен набавката на софтверот за сообраќај, Драги Рашковски спровел и други јавни набавки во вредност од 300 000 евра за купување камери, подвижни кабини, држачи на камери како дополнителна опрема за софтверот. Новите набавки склучени од Рашковски ги открија антикорупционерите, а тој исходот го чека сам во ќелија во Шутка. Обвинителството веќе го гони поранешниот владин генерален секретар зашто го оштетил буџетот за околу 180 000 евра.

Advertisements

„Ние остваривме работна средба со обвинитетелот што го води предметот во Јавното обвинителство за Рашковски. Сè што имаме обезбедено документација, бидејќи ние дефинитивно постапивме пред тие да отворат предмет и добивме некои документи, заеднички ги погледнавме. Се договоривме сè што имаме како известување и допоис до нив да доставиме“, рече Катица Николовска, член на ДКСК.

Антикорупциската комисија има отворено предмет и за новата претседателка на Судскиот совет, Павлина Црвенковска. Од неа побарале да достави дополнителни податоци за членовите на нејзиното семејство, посебно за кредитот што нејзиниот сопруг го имал во Еуростандард банка.

„Мораме најпрво да се обратиме до претседателката да ни каже кои се членови на нејзиното семејство за да можат сите тие да бидат опфатени. Во анкетниот лист што таа го има доставено, нема матичен број на нејзиниот сопруг. Сега мора да чекаме матични броеви, тие броеви да се потврдат од МВР и понатаму да си одат постапките по ред“, рече Билјана Ивановска, претседателка на Антикорупциска комисија.

Денеска Ивановска презентираше што сработеле изминатите две години. Таа вели дека состојбата со корупцијата е многу сериозна. Најголем број пријави се однесуваат за незаконско вработување, издавање на разни дозволи, решенија за градење, концесии, политичко влијание и неказнивост, а како институциите во кои има најголем ризик од коруптивно работење ги наведоа правосудните органи, извршната власт и општините.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button