ДКСК ќе го проверува имотот на функционери, градоначалници и судии

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 45-та седница го усвои годишниот план за проверка на имотната состојба и интереси за претстојната 2021 година, кој ќе се реализира во три квартали и ќе бидат опфатени градоначалници, судии и функционери.
„Во првиот квартал, во пресрет на локалните избори ќе бидат опфатени 15 градоначалници и градоначалникот на Град Скопје. Не можеме сите да ги опфатиме, па ќе направиме некоја селекција во зависност од средствата со кои располагале“, изјави Ивановска.
Претседателката на ДКСК појасни дека ќе бидат изработени објективни критериуми, во кои ќе бидат опфатени сите судии, градоначалници и функционери за кои граѓаните имаат поднесено претставка, по што ќе се направи селекција и ќе бидат објавени.