ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДКСК: Нема системски надзор во спроведување на законите

Надзорот во спроведувањето на законите не е системски уреден, а тоа во пракса доведува до неефикасно спроведување на законите. Неопходно е да се ревидира организацијата и функционирањето на инспекциските служби, како и на останатите видови надзор, контрола и супервизија за да се гарантира доследно спроведување на законите, соопшти Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Advertisements

Oд суштинско значење е да се зајакнат и кадровските и техничките капацитети на инспекциските служби, зашто во моментов, дури и во оние области каде има по две различни инспекциски служби, на централно и на локално ниво, сепак во практиката отсуствува суштински и системски инспекцики надзор зашто ниту една од овие служби немаа доволен капацитет, истакна членот на ДКСК и координатор при изготвувањето на Стратегијата, Владимир Георгиев.

Според него, во секторот „Надзор на спроведување на законите“ се утврдени три приоритетни проблеми кои генерираат ризици од корупција во оваа област за чие надминување се предвидени три мерки и 10 активности.

Втората нова област која ДКСК предлага да се опфати посебно во Националната стратегија, е „Имот во државна сопственост“.

-Заради превенција на корупцијата која е особено изразена при управувањето и располагањето со имотот во државна сопственост, од исклучително значење е да се воспостави транспарентен систем на користење, управување и располагање со имотот во државна сопственост, а за таа цел, итно мора да се воспостави уредна евиденција на овој имот која ќе биде јавно достапна и која ќе овозможи јавно да се следи секоја промена во имотот на државната сопственост, објасни Георгиев.

Во овој сектор, дополни, утврдени се два прироитетни проблема кои генерираат ризици од корупција за чие надминување се предвидени две мерки и осум активности.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button