МАКЕДОНИЈА

Дневно се пишуваат по повеќе од 100 казни за сообраќајни прекршоци

Непочитувањето на сообраќајните знаци и сообраќајните правила и од страна на пешаците и од возачите на возилата, ги загрозува животите на граѓаните, велат анкетираните за Алсат. Според нив, ни недостига култура во сообраќајот, што, како што велат, е основен предуслов за намалување на бројот на сообраќајни несреќи на патиштата.

Министерството за внатрешни работи соопштува дека само за три месеци од годинава се изречени 189 казни за пешаци кои не ги почитувале сообраќајните правила.

„Во текот на првиот квартал од 2024 година поднесени се барања за поведување прекршочна постапка против 189 лица за сторени прекршоци поврзани со неправилно движење на пешаци“, наведуваат од МВР.

Министерството за внатрешни работи соопшти и дека само за еден ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 154 казни, од кои 19 казни за возачи кои управувале возила без возачка дозвола, 6 за возачи на мотоцикли. и 11 за користење мобилен телефон при возење. МВР најави дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат правилата за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button