
Од 130 до 160 лица годишно се дијагностицираат со туберкулоза додека од 6 до 15 лица годишно умираат од оваа болест. Директорот на Институтот за туберкулоза, Димитар Каркински, рече дека најмногу страдаат луѓе кои се во тешки финансиски услови, а не се исклучени ниту корисниците на дрога и алкохол.
Сите оние кои имаат зголемена кашлица повеќе од две недели треба да се обратат кај лекар. За лекувањето на туберкулоза се потребни шест месеци.
До сега оваа година е регистриран само еден смртен случај од туберкулоза, конкретно млад човек кој бил корисник на дрога. Лекарите апелираат за засилено внимание и да не се занемари болеста.
Линда Ебиби