ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

До 18 март увид во избирачкиот список

До 18 март увид во избирачкиот список

Државната изборна комисија ги повикува граѓаните да го искористат периодот на јавен увид во избирачкиот список.

До 18 март е отворен јавниот увид во избирачкиот список што значи дека сите граѓани имаат можност да ги проверат своите податоци во избирачкиот список за да видат дали податоците се точни или не. Контролата се врши на два начина: онлајн на веб-страницата на ДИК и во подрачните и локалните канцеларии на ДИК во населените места каде што живеат граѓаните. Во случај да има неточни податоци во избирачкиот список, граѓаните треба да се упатат до канцелариите на ДИК за да ги променат овие податоци.

Барање за промена на податоци се поднесува ако лицето или кој било друг граѓанин не е запишан во избирачкиот список, ако е запишано лице кое нема право на глас, нема живеалиште во таа општина или кое било починато лице или ако името и адресата на живеалиштето се погрешно напишани. Оваа институција е отворена и за можноста исправка на овие податоци, покрај канцелариите на ДИК, да може да се врши и по електронски пат со доставување докази.

 Барање за измена на податоци
– Ако тој или кој било друг граѓанин не е запишан во избирачкиот список
– Ако е напишано дека некое лице нема право на глас, нема живеалиште во таа општина или некое лице е починато
– Ако вашето име и адреса се напишани погрешно.

Интересот за јавен увид во списокот обично е мал, па граѓаните забележуваат дека имаат неточни податоци на денот на изборите, по што не можат да гласаат.

Право на глас имаат сите државјани со наполнети или над 18 години до денот на гласањето и кои имаат важечки документи за идентификација. Право на глас имаат и граѓаните чии документи за идентификација истекуваат од денот на распишувањето на изборите, до денот на гласање.
Во меѓувреме, ДИК ја објави и листата на медиуми кои добиле право на платена политичка програма за претседателските и парламентарните избори. Такво право имаат 37 телевизии, 35 радиостаници, 11 печатени медиуми и 249 портали./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button