МАКЕДОНИЈА

До 22 јуни ограничено движење околу гасоводот на Водно, ќе се вршат испитувања

Движењето на граѓаните на Водно во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар ќе биде регулирано и тоа во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) пренесувајќи ја информацијата од фирмата „Рапид билд“ ДОО.

Advertisements

Регулираното движење, како што велат од ЦУК, е заради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод Делница Скопје – Тетово – Гостивар.

Пневматското испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод ќе се одвива во три последователни временски интервали од 30 мај до 22 јуни 2024 година.

Првиот интервал, од 30 мај до 12 јуни, е на делницата од црквата „Св. Мина“ во Сопиште до полициска станица Глумово. Во периодот од од 7 до 16 јуни ќе биде во делот од полициска станица Глумово до селото Паничари, Општина Сарај. Третиот интервал, на делницата од селото Паничари, Општина Сарај, до пред село Ларце, Општина Желино, ќе биде од 12 до 22 јуни годинава.

Од Центарот за управување со кризи велат дека пристапот на Водно не е забранет, но оти треба да се внимава на зоните кои се обележани со знаци за предупредување кои се поставени на самите планинарски патеки со дополнително врзани обележувачки ленти преку патеките. На патеките кои минуваат преку зоните на испитување, од ЦУК велат дека фирмата треба да постави и лица за известување и предупредување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button