МАКЕДОНИЈА

До 22 јуни тестирање на гасоводот Скопје – Гостивар

До 22 јуни ќе се врши пневматско испитување на цврстината и непропусноста на гасоводот  Скопје – Гостивар, поради што ќе биде регулирано движењето во близина на оваа гасоводна делница.

-Заради безбедноста на граѓаните, најавено е регулирано ограничено движење во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар, во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што појаснуваат од ЦУК, тоа е поради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод во три последователни временски интервали во периодот до 22 јуни.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button