До исплата на долгот приватните превозници ќе возат со половичен капацитет

Дел од приватните превозници во Скопје нема да обезбедуваат услуги за граѓаните поради долгови од страна на ЈСП. Според нашите информации, од јуни не им е исплатен долгот, а тие чекаат да се изврши исплатата па потоа да се вратат на улица. Граѓаните и денес се соочија со недостиг од автобуси.
Според приватните превозници, дополнителната уплата за 20 денари по километар е прифатлива иако нивното побарување било 30 денари, односно 100 денари по километар.
На седницата на Советот на Град Скопје беше усвоена одлуката за зголемување на цената по километар за приватните превозници. Советниците ги прифатија предлозите за корекција на цената, која не е ревидирана од 2015 година.
Ова зголемување е резултат на интензивните протести на приватните превозници, кои неодамна го прекинаа превозот и побараа корекција на исплатата по километар.