
До крајот на месецов треба да се направат пресметките и да се утврди висината на минималната плата и во таа насока веќе е формирана Комисија за утврдување на репрезентативноста на синдикатите, која минатата недела е изгласана на седница на Влада. Ова на денешната прес-конференција го изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, одговарајќи на новинарско прашање според кој предлог ќе се утврдува висина на минималната плата, со оглед дека нема репрезентативност на Синдикатите, а и нема договор на Економско-социјалниот совет.
„Има еден закон кој е во сила, каде Синдикатите и работодавачите се согласија и потпушаа и до крај на месецот ќе се прават пресметките да се утврди висината на минималната плата“, рече тој.