ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

До Обвинителството конечно допре глас за можен криминал со надзорот на автопатите

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет за тендерот за надзор на работите во Коридорите 8 и 10-Д. Отворената постапка ќе се води по допрен глас во јавноста.

„За да се испитаат тврдењата изнесени во јавноста отворен е предмет врз основа на допрен глас. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“, наведуваат од Обвинителство за гонење на криминал.

Премиерот Димитар Ковачевски, соочен со нови скандали од тендерот за надзор, денеска ги повика државните органи да преземат конкретни чекори за да ги истражат тврдењата.

За компанијата „Електра Солушн“, која е дел од групата за надзор предводена од „ИРД инженеринг“, има сомневања дека лажно го пријавила бројот на вработени при постигнувањето на договорот за надзор на работите на Бехтел-Енка. Во текот на преговорите оваа компанија пријавила 32 вработени, но во Централниот регистар фигурира дека кон крајот на 2022 година таа ја пријавила моменталната состојба со само 2 вработени. Ова ги отвори сомнежите дали „ИРД инженеринг“ заедно со други компании го добиле тендерот за надзор манипулирајќи со податоците за поставените предуслови.

Во меѓувреме, десетици инженери ангажирани на проектот кои се обврзале дека ќе бидат во служба исклучиво на него, се покажа дека биле ангажирани и во други проекти.

Тендерот за надзор на работите вреден 22,3 милиони евра го доби групацијата компании предводена од „ИРД инженеринг“ во соработка со „Евро консалтинг“, „ЕПТИСА“ и „Електра Солушн“.

Веќе три недели по потпишувањето на договорот, медиумите откриваат афери кои можат да им наштетат на нивниот кредибилитет и имиџ.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button