МАКЕДОНИЈА

До понеделник пообилни врнежи од дожд и снег на планините

Од попладне се очекуваат врнежи на цела територија на државата, а особено поинтензивни ќе бидат во западните делови каде ќе наврнат нови 30 литри на метар квадратен. На планините во северозападниот дел од државата ќе врне снег.

Advertisements

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека до изутринава во западните делови количествата на врнежи изнесуваат 20 литри на метар квадратен и дека почвата е веќе натопена од дождот.

Од утре до понеделник ќе преовладува врнежливо време. Повремено во западните делови врнежите ќе бидат поројни и пообилни. На планините во северозападниот и западниот дел ќе врне снег и значително ќе се зголеми снежната покривка.

Во вечерните часови во сабота кон недела и преку ноќ во недела, врнежите повремено ќе преминуваат во снег на некои повисоки места, особено во северниот дел од земјава.

Целиот овој период се најавува јужно струење што значи дека температурите ќе бидат над нулата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button