ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

До с. Костурник има само 1 км пат, ама ниту него општина Куманово не го асфалтира

Жителите на кумановски Костурник се движат по единствениот селски пат кој општината никогаш не го асфалтрала. Изразуваат револт што со децении слушаат ветувања дека ќе го асфалтираат патот, кој е инаку долг само еден километар. Според нив, сите инвестиции во ова кумановско село ги направиле самите жители и оние од дијаспората. Им бил ветен асфалт, но тој бил донесен беше донесен колку да се нафрла врз најголемите дупки. Тоа ги иритираше жителите на селото кои ги има околу 200, па бараат итна средба со градоначалникот на Куманово.

Advertisements

„Канализацијата сами, патот сами го изградивме и училиштето, немаме никаква помош од државата. Тие доаѓаат и нè лажат. Ова – она, бараат гласови. Ние ги гласаме, а немаме ништо од нив. Овие политичари станаа измамници на народот“, вели Сахит Ќерими, жител.

„Патот е за никаде, дупки насекаде. Ветувањата беа дадени пред многу години, барања не знам ни сам колку поднесов за да го асфалтираме патот. Досега ништо не е сторено. Тука е само еден километар, не бараме автопат! Велиме ширина од околу 3,5 метри, што значи околу 3.500 м2 асфалт за завршување на патот“, вели Ќаил Ќаили- жител.

Секој проект кој бил направен за селото Костурник секогаш бил одбиван. Сега гледаме дека дури и за патот нè одбиваат. Зошто тоа се прави само за нашето село? Гледам и во другите села, иако не сум против нив, но зошто се прави таму, а не и тука? Јас сум сведок дека се работи во населба со 2-3 куќи, а тука има над 60 куќи, ни недостасува еден километар пат со асфалт, реагира Ќани Селими- жител на селото.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски признава дека како најголема општина во земјава имаат и најголеми неволји за општинските прашања. За Костурник вели дека не го заборавил, но не даде никаков датум кога може да се изврши првата инфраструктурна инвестиција на општината во ова село.

Заложбата на локалната самоуправа за создавање инфраструктурни услови според градоначалникот околу 70% е реализирана. За останатите месеци од овој мандат, Димитриевски вети дека ќе го исполни преостанатиот дел од ветувањата. Но, многу од жителите се сомневаат и ги потсетуваат властите дека доаѓаат избори.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button