
Најмалку 133 лица загинаа денеска кога патнички авион на „Ер Индија“ се урна при полетување од аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад во државата Гуџарат, со 244 патници, објавија локалните медиуми.
Авионот се урна врз хотел за медицински работници, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на полициски извори. Индискиот министер за одбрана Раџнат Синг изрази сочувство за жртвите од трагичната авионска несреќа во Ахмедабад.
Од 244 патници, 169 се Индијци, 53 Британци, еден Канаѓанец и седум Португалци, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извор запознаен со ситуацијата. Од вкупниот број патници, 217 се возрасни, а 11 деца.