ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

До средината на март ќе се знае колку граѓани имаат КОВИД имунитет

До средината на следниот месец ќе бидат познати резултатите на Институтот за јавно здравје во однос на тестирањето на граѓаните по случаен избор. Досега се тестирани 800 лица, само во главниот град, а планирано е да се тестираат една илјада.

Advertisements

„Во однос на тестовите што ги направија нашите тимови, за тимот што беше со мене можам да кажам дека околу 2-3% од денешните тестови беа позитивни на корона вирусот. Учениците се тестираат со брзи антигенски тестови. Тоа се тестови кои граѓаните сами ги тестираат дома, безбедни и брзи тестови и поради тоа родителите или старателите на децата не треба да се грижат за начинот на тестирање. Тоа е едноставен метод и не треба да мислат дека нешто им се случува на децата“, вели Денис Јанкуловски, од Центарот за јавно здравје.

Во меѓувреме, денеска продолжи тестирањето на учениците во некои училишта во Бутел, Чаир и Кисела Вода. Денеска беа земени примероци од 500 ученици, додека за утре е планирано тестирање на ученици во други училишта во разни општини.

Скринингот на учениците се врши откако најновиот извештај на Институтот за јавно здравје покажа дека за 60 отсто е зголемен бројот на деца од училишна возраст позитивни на Ковид-19. Досега согласност за тестирање дале околу 5.000 родители. /Алсат.мк

Вјолца Алити

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button