Доаѓањето на иселениците го зголеми прометот низ Тетово

Од мирен град со многу малку движење, Тетово заживеа во последната недела. Многу иселеници пристигнаа во родниот крај. Нивното доаѓање влијае и на работата на бизнисите, особено на златарниците, бутиците и рестораните.
„Има иселеници што пристигнаа, иако не сите, од 22 бранот ќе биде поголем и ќе биде подобро. Движењето е добро, има луѓе, има движење. Почна да се забележува по малку, фала богу што ги имаме иселениците, за Тетово зборувам, во цела област секоја година се продаваат околу 300 килограми злато“, рече Менсур Арифи, претседател на занаетчиите, Тетово.
За разлика од продавачите, некои иселеници се жалат на високи цени. Велат дека се дури и повисоки отколку во Швајцарија.
„Живеам во Швајцарија, но животот овде е поскап отколку во Швајцарија. Овде сме на одмор само неколку дена, но за луѓето што живеат тука мора да биде поевтино. Да не збориме за свадби, нема потреба од свадба затоа што тука чини многу, но таква е земјата овде“, вели еден иселеник.
Годинава бројот на иселеници кои ќе престојуваат на летување во родниот крај се очекува да биде уште поголем од минатите години.
Башким Сулејмани