МЕТРОПОЛ

Добитник на Нобеловата награда предупредува: Ни нема спас од вештачката интелигенција

Американскиот физичар Џон Хопфилд и пионерот на вештачката интелигенција Џефри Хинтон ја добија годинешната Нобелова награда за физика.

Advertisements

Хинтон, често нарекуван „кум на вештачката интелигенција“, ја напушти својата позиција во Google за да го предупреди светот за потенцијалните опасности од вештачката интелигенција.

Работата на Хинтон од 2012 година ја постави основата за денешните невронски мрежи, кои напојуваат технологии како GPT-4, но тој го напушти Google во 2023 година, изразувајќи загриженост за развојот на вештачката интелигенција.

Во интервју за Њујорк Тајмс минатата година, Хинтон призна дека некогаш верувал дека Google може правилно да управува со овие моќни технологии, додека Мајкрософт не се здружи со OpenAI, носејќи ги GPT-4 и ChatGPT на пошироката публика, пишува Futurism.

Предупредување на Хинтон: „ВИ е многу поблиску отколку што мислиме“

Пред да го напушти Гугл, Хинтон предупреди дека светот се соочува со клучен момент во развојот на вештачката интелигенција. Иако претходно мислеше дека опасностите се далеку, денес целосно се предомисли. Како што рече, верувал дека предизвиците на вештачката интелигенција се од 30 до 50 години, но сега е сигурен дека вештачката интелигенција се развива побрзо отколку што некој може да ја контролира.

Откако го напушти Гугл, тој се приклучил на група експерти, меѓу кои и Илон Маск, кој потпиша отворено писмо во кое повикува на привремено запирање на развојот на технологиите за вештачка интелигенција. Хинтон сега верува дека вештачката интелигенција може да ја избегне човечката контрола во секој момент, што може да доведе до катастрофални последици.

На прашањето на Нобеловиот комитет за понатамошната судбина на вештачката интелигенција, Хинтон искрено рече дека нема едноставно решение. „Посакувам да имав рецепт што ќе нѐ спаси сите, но за жал, немам“, изјави тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button