ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Добрите односи со унгарската влада ќе помогнат во процесот на интеграција на Македонија

Добрите односи со унгарската влада ќе помогнат во процесот на интеграција на Македонија

Добрите односи со унгарската влада ќе помогнат во процесот на интеграција на Македонија но тоа не е доволно за да се надмине отвореното прашање со Бугарија.

Ова се очекувањата на Димитар Николовски, извршен директор на Евротинк, за претстојниот шестмесечен период во кој Унгарија че претседава со унијата.

Николовски оценува дека раководството на Унгарија тешко ќе ја реализира својата програма, а ќе има и конфликт со институциите на ЕУ, особено со Европската комисија.

Инаку, со слоганот „Да ја направиме Европа голема повторно“, идентичен како оној на Доналд Трамп на изборите во 2016 година, Унгарија од 1 јули го презеде преседавањето со Европската Унија. Во следните шест месеци меѓу главните приоритети е ставено прашањето на проширување засновано на заслуги, спречувањето на илегалната имиграција, но и зајакнувањето на европската одбранбена политика.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button