ЗАБАВА

Добро утро комшике, што има ново кај мене?


Дали би сакале да се разбудите утре во земја каде утрото ќе биде само ваше? Што значи тоа – значи дека кога ќе излезете на тераса по долна облека да не ги чувствувате погледите на комшиите од околу, да не одговарате на прашањето на комшиката Ленка – каде ви е сопругот и зошто толку рано заминал на пат, да не се случува нешто меѓу вас, а вие замислете не сте пријавиле…

Кога ќе се враќате после полноќ од излегување, да не ги гледате љубопитните очи низ отворениот прозорец зад завесата како ѕиркаат и се обидуваат да дознаат кој е дечкото што повторно ве испраќа, дали е истиот од пред некој вечер или е друг или пак која е девојката што преспала тука.

Зошто живеете сами, а сте сингл, што не е во ред со вас, дали родителите ве избркале од дома, бидејќи имате само 25 години, а замислете живеете сами..

А кога ќе ви пукне цевка од парното, ќе се поплави станот и ќе тропнете по вратите во 5 часот наутро, токму во тој момент сите ќе бидат зафатени или исплашени да не ги ограби некој. Бидејќи тој што ограбува прво тропа на врата. Секоја чест на исклучоците во овие ситуации.

Денес е реткост да имаш комшија кој ќе ти се најде кога ќе имаш потреба, кој ќе се радува со тебе на новиот автомобил, ќе ти помогне да го направиш ајварот и кога ќе го направи неговиот, ќе ти даде една тегла.

Каде се комшиите кои секогаш имаа добар збор едни за други и поседуваа подготвеност да помогнат во секој момент. Ајде утре да промениме нешто, утре да бидеме комшиите кои ќе кажат добар ден гледајќи во очи, наместо да гледаат што побрзо да влезат сами во лифтот.

Утре е нов ден и почнуваме од почеток со фино добро утро и широка насмевка на лицето.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button