ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Додека не се избере претседател на Уставен, судот ќе одлучува колективно

Додека не се избере претседател на Уставен, судот ќе одлучува колективно

Уставниот суд и денеска остана без претседател. Судиите по осми пат гласаа, но ниту еден од кандидатите не ја доби двотретинската подршка од нивните колеги.

Advertisements

На првото денешно гласање судијката Ана Павловска-Данева се изјаснила дека ќе се повлече затоа што не сакала нејзината кандидатура да биде причина за уставна криза. Додека пак, судијката Татјана Васиќ-Бозаџиева на денешните гласања доби пет гласа. Судијата Осман Кадриу, кој исто така влезе во трката за челната позиција на Уставен, освои пет гласа во осмиот круг.
Регулативата предвидува постапката за избор на претседател на Уставниот суд да се повторува се додека не се избере претседател. Не се знае колку долго ќе трае ваквата состојба. Додека не се избере претседател Судот ќе одлучува колективно.

„Имајќи предвид дека се уште не е избран претседател на Судот, во меѓувреме, за да функционира Уставниот суд непречено, судиите едногласно зазедоа став дека за прашањата поврзани со управувањето треба да се решава колективно“, рече Уставен суд.

Во делот на работата со предмети, од Судот велат дека работат без пречки.

Постапката за избор на претседател започна на 30 мај, а досега судиите гласаа 8 пати, но ниту еден од кандидатите не ја доби довербата да го води судот во следните три години.

Претходно на чело на судот беше Добрила Кацарска, која по завршувањето на мандатот рече дека додека била на оваа функција имала закани, па дури и физички напад./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button