ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Доделени Златните глобуси: Деми Мур првпат ја освои престижната награда

На 82. доделување на наградите „Златен глобус“, каде се наградуваат телевизиските и филмските достигнувања, филмот „Бруталист“ беше прогласен за најдобра филмска драма во 2024 година, „Емилија Перез“ за најдобар филмски мјузикл, а меѓу најдобрите актери се Фернанда Торес, Деми Мур, Адриен Броди и други.

Advertisements

Адриен Броди доби Златен глобус за улогата во „Бруталист“, а Деми Мур ја освои наградата за најдобра актерка во мјузикл или комедија за нејзината главна улога во „Супстанција“ (The Substance), приказна за актерката која „избледува“ и ја бара фонтаната на младоста.

Наградата за најдобра актерка во филмска драма ѝ припадна на Фернанда Торес за улогата во филмот „Сѐ уште сум тука„ (I’m Still Here), додека најдобар актер во комедија или мјузикл му припадна на Себастијан Стен за „Различен маж“ (A Different Man). Наградата за најдобра споредна машка улога ја доби Киеран Калкин во филмот „Вистинска болка“ (A Real Pain), а за најдобра споредна актерка е прогласена Зои Салдана во мјузиклот „Емилија Перез“.

Домаќин на наградите беше водителката Ники Глејзер, а пред доделувањето на наградите, на црвениот тепих беше прикажана вообичаената ревија на познати личности кои блескаа во црни, златни и сребрени фустани со повремена црвена или темно зелена комбинација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button