ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Доделените 140 денари за студентски оброк исчезнуваат од картичката

На сите студенти кои претходниот ден добиле картичка за студентски оброк, а сумата не ја искористиле во текот на денот, автоматски сумата од 140 денари им ја снемува. Ова предизвика револт кај студентите кои велат дека од една страна државата им дава 140 денари, а од друга, им ги зема на полноќ доколку не ги потрошат дента.

„Залудно е. Треба да се собират од ден на ден и кога ќе ни требаат да се искористат. Не сум видел да се повлечат. Ми изгледа апсурдно зошто да се повлечат? Но, повторно со 140 денари не значи дека ќе можеме да завршиме некоја работа, тоа е многу мала помош.“

„Знам дека мора да се користат секој ден и ако не ги искористите ќе бидат повлечени, но се надевам дека ќе направат промена бидејќи 140 денари не се доволни за храна“, реагираат студентите.

Другото прашање што ги загрижува студентите е дека за да се намалат студентските трошоци, 140 денари се премалку за студентскиот буџет.

„Да бидам искрен, 140 денари се премалку за студент, не велам дека се покриваат трошоците, но со 140 денари не се купува ништо“, рече еден студент.

Вчера министерот за образование Јетон Шаќири најави дека ќе ја разгледаат можноста за промена на овој систем, но во следните три месеци. Дали во следниот месец ќе се разгледа можноста за префрлање на неискористените пари или повторно 140-тте денари ќе ги снемува ако дента не се искористат, останува дополнително да се одлучи.

„140 денари е законска основа која е за еден ден, намената на студентскиот оброк е дневна и сите студенти мора да ја користат секојдневно, има места каде се собира сумата, но не и максимум што не се троши бидејќи не се постигнува целта за оброкот. За каква било промена мора да се направи законска измена“, рече министерот Шаќири.

Според министерот, досега над 70 отсто од студентите аплицирале за студентска картички за храна и повеќето ги добиле.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button