
Џон Халибартон, таткото на Тајрис Халибартон, конечно доби суспензија и забрана за присуство на гостувањата на Индијана Пејсерс.
Постариот Халибартон постојано дофрлаше и ги провоцираше противничките кошаркари, а се чини дека ја премина границата кога влезе во вербален дуел со Јанис Адетокумбо од Милвоки.
„Искрено му се извинувам на Јанис, на Милвоки и на Индијана. Моите постапки не беа во ред и не оставаат добар впечаток. Сакам само да го поддржам мојот син, овие грешки нема да ги повторам“, напиша Халибартон.
Извинувањето веројатно ќе биде прифатено, но НБА лигата сепак реши да го отстрани од трибините и тој нема да може да го бодри својот син до крајот на сезоната.