ЕКОНОМИЈА

Доган Фриго & Клима го прослави најновиот успех, отворaњето на нов објект во зона Визбегово

Во четвртокот, 20 јули, големата компанија за системи за ладење и греење „Доган Фриго & Клима“ ги отвори вратите на новиот објект вo Визбегoво. На свечената вечер посветена на инаугурацијата на новите канцеларии кои располагаат со простор од 2000 м2, присуствуваа многу пријатели, соработници, клиенти и членови на семејството кои топло и честитаа на компанијата за новиот чекор да биде поблиску до клиентот и со се повисок квалитет.

Advertisements

Во својот поздравен говор, сопственикот на компанијата, Фаик Бектеши, син на основачот, покојниот Селајдин Бектеши – Бекче, со голем ентузијазам ја изрази непоколебливата посветеност на компанијата за зголемување на нивната ефикасност и перформанси со цел да станат лидер на оваа индустрија во Балканот, нудејќи одржливи енергетски и еколошки решенија. „Постојано инвестираме во Косово, Србија и на целиот Балкан, придржувајќи се до највисоките стандарди за квалитет и услуга“, рече Бектеши. Тој истакна дека секој успех на компанијата е посветен на неговиот татко, кој имал сон да го основа и развие Доган Фриго со една ретка посветеност.

Истовремено, генералниот директор Зекерија Дардишта со особена емоција ја сподели радоста и визијата за иднината. „Овој чекор што го правиме со новиот објект не е само успех за нас, туку е успех на сите кои придонесуваат за сонот кој се роди со Селајдин и кој продолжува и денес со напор на многу поголем тим. Тоа е успех и за вас, наши пријатели и клиенти, бидејќи како што расте компанијата,  квалитетот на услугата и нашиот пристап кон вас станува се подобар и подобар“, рече Дардишта.

Во оваа прилика, истотака, Доган Фриго додели плакети како благодарност до нивните партнери, компаниите во Северна Македонија и Турција, без кои успехот не би бил од вакви размери. А тие се: Cantas, Ercan Technician, Artec and Planer, Steelsoft, Pakom Company и Metalterm.

Компанијата Доган Фриго е формирана во 1990 година од страна на Селајдин Бектеши, прво како компанија за сервис на фрижидери и ладилници. Подоцна започнува соработката со Cantas, која продолжува енергично до ден денес. Првата продавница на компанијата беше само 15м2, додека во 2000 година се проширирува на простор од 120м2. Со тек на времето, нови работници и секторот за греење и климатизација се додаваат во компанијата.  Така, со зголемена сила, компанијата првично се шири во градовите Призрен и Феризај на Косово, додека во 2010 година Доган Фриго се отвора и во Приштина со значително зголемување на бројот на работници. Најголемата експанзија на компанијата се случува по 2013 година, кога се реализираат отворања на новите пунктови Момин Поток и Гостивар. Доган Фриго во моментов има 55 вработени во Северна Македонија и 10 вработени во Косово.

Со новиот објект Доган Фриго има за цел да ја исполни мисијата да обезбеди високо квалитетни прилагодени решенија со комбинирање на најмодерната технологија од светски ранг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button