Договорени општите начела на соработка за идната влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ
Договорени општите начела на соработка за идната влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ

По средбата помеѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ, биле договорени општите начела на соработка за идната влада и дека по формирањето работни групи, ќе продолжеле разговорите до нивно финализирање. АЛСАТ ексклузивно дознава дека двете страни веќе нашле заеднички јазик за една од 5-те точки од начелниот договор меѓу нив. Во рамките на усогласувањето на оваа програма, АЛСАТ дознава дека во рамките на стратешката определба на земјата кон ЕУ, ВРЕДИ побарал итно напуштање и дистанцирање од иницијативи кои се во спротивност со оваа цел. ВРЕДИ бара итно излегување на земјава од иницијативата Отворен Балкан. Ваквата идеја, како што дознава АЛСАТ, ја прифатила и ВМРО ДПМНЕ, иако се уште нема натамошен официален став за тоа.
Инаку „Отворен Балкан“ е регионална иницијатива насочена кон подобрување на движењето на стоки, услуги и луѓе. Основана е во 2019 година од шефовите на Србија, Албанија и Македонија, првично под името „Мини Шенген“. И покрај повиците за вклучување, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово одбија да се вклучат и токму затоа оваа иницијатива пропадна. Забелешките на некои од овие земји беа дека оваа иницијатива ја зајакнува Србија.