ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Договорот меѓу ЕВН и жителите на Слупчане предизвика политички препукувања

Опозицијата ја обвинува Владата дека посредува во договорот меѓу ЕВН и жителите на Слупчане. ВМРО-ДПМНЕ бара одговори дали Владата им гарантирала на жителите на Слупчане враќање на долговите и фиксни фактури од 3.000 денари.

Advertisements

Министерот за економија Крешник Бектеши ги демантираше овие тврдења на опозицијата. Според него, ниту владата, ниту министерството, ниту неговата неговата партија не се мешале во овој процес. Бектеши и порача на опозицијата пред да обвини за кражба на електрична енергија, да види каква е состојбата во општините со кои тие раководат.

„Немаме информации за што се разговарало и за што се согласиле жителите на Слупчане и претставниците на ЕВН. Ако им треба помош или олеснување од нас, ние сме тука да им помогнеме. Ги замолувам политичките партии и медиумите да не даваат лажни вести дека одредени места наводно крадат или злоупотребуваат електрична енергија“, рече Бектеши.

На 27 јули, по неколкудневните протести и прекинот на снабдување со електрична енергија, жителите на Слупчане и ЕВН постигнаа договор на 9 август да почнат со работа за поставување на нови струјомери.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button