ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Договорот од Преспа, во фокусот на самитот на Југоисточна Европа

Договорот од Преспа, во фокусот на самитот на Југоисточна Европа

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари билатерална средба со заменик министерот за надворешни работи на Грција, Александра Пападопулу, која учествуваше на министерскиот состанок на земјите членки во Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Во разговорот, според Османи, се разговарало за обврските на двете земји за целосна имплементација на Договорот од Преспа.

„Мислам дека е неточно да се заклучи дека Грција не постигнала ништо. Столбот на обврските на Грција со Договорот од Преспа е поддршката за НАТО и ЕУ. Република Северна Македонија денес е членка на НАТО откако Грција ја исполни својата обврска од Преспанскиот договор. Денес, Грција е еден од најголемите лобисти во Брисел за членство на Северна Македонија во Европската унија. Тоа беше суштината на грчката“, изјави Бујар Османи- министер за надворешни работи.

Преспанскиот договор повторно се актуелизираше  откако претседателката Силјановска Давкова одби да го користи новото име на државата. Сега погледите се вперени кон мандатарот Христијан Мицкоски, кој се очекува да ја формира новата влада следната недела. Неговиот став е дека  ќе го почитува Договорот од Преспа, но и Грција мора да ги исполни своите обврски.

Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ креирала документ за тоа колку Договорот од Преспа е имплементиран од двете страни. За ова, министерот Османи рече дека нема потреба да се подготвува, туку само да биде побарано од Министерството за надворешни работи, бидејќи тие водат евиденција на неделна основа.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button