ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Договорот со Бехтел и Енка нема да се раскинува

Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема да го раскине договорот со фирмата „Бехтел и Енка“ за изградба на четирите автопати вреден 1,3 милијарди евра, кој додека беа опозиција остро го критикуваа. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска изјави дека тоа би било недомаќинскин однос кон буџетот, бидејќи изведувачот може да тужи. Треба да се бориме за да добиеме што повеќе километри автопат, рече Николоски.

Advertisements

Веќе 10 години се гради и автопатот Кичево – Охрид, а на многу места работата е и целосно закочена. Рокот веќе неколку пати е пробиен, но министерот Николоски најави дека автопатот ќе биде готов до крајот на 2026-та.

Според Николовски Договорот со „Бехтел Енка“ треба прво да биде декласифициран, а обвинувањата за криминал од предизборието и кога беа во опозиција, треба да ги испита Обвинителството. Градежниот проект за Коридорите 8 и 10Д опфаќа 7 раскрсници, 34 мостови, 34 надвозници и 24 подвозници.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button