ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Договорот со Синохидро истекува на 31 декември

По најавите за можно раскинување на договорот со кинеската компанија Синохидро за автопатот Кичево – Охрид, од страна на премиерот Ковачевски и неговиот заменик Артан Груби, кинеските претставници денес итно остварија средба со македонските власти, кој пак четврти ден молчат, колку државата, би ја чинело евентуалното раскинување на договорот. Прашавме и во Влада и во Јавното претпријатие за државни патишта, но одговор не добивме. Инаку во Договорот со Синохидро, од 24 октовмри 2013 година, во точка 20, како место за надминување на арбитражите е судот во Париз.

Advertisements

Договорот со Синохидро истекува на 31 декември оваа година, до кога беше и крајниот рок за завршување на патот, но дали истиот ќе биде продолжен ќе одлучува Собранието.Се обидовме да добиеме став и од Синохидро, но никој не одговараше на телефонските повици. Експертите се сомневаат дека не само државата туку и фирмите подизведувачи би изгубле многу од раскинувањето на договорот.

„Што ќе се случи ако не го изгласаат нашите пратеници продолжување на законот.Тука по автоматизам паѓаат банкарските гаранции на Синохидро и Синохидро ги повлекува банкарските гаранции на нашите компании. Нашите компании имаат околку 50 милиони евра банкарски гаранции.Тие средства ќе бидат заробени Дали нашата влада има најдено и размислува за некој механизам како да ги заштити нашите компании од ефектот на банкарските гаранции“, рече Илиос Вилос-професор на технички факултет.

Изведувачот на работите вели дека овој проект уште од самиот старт го следат проблеми и оти пред почетокот морало да се седне и добро да се анализира како стојат работите.

„Целата траса ја преработивме со проектот за рехабилитација и реконструкција. Ги сменивме сите елементи. На делови каде можеше да се вклопи, настанати беа деформации,бидејки станува збор за проект изработен од 2002 до 2008 година. На делови каде постоеја услови нешто да се искористи не ги задоволуваа критериумите за проектирање“, рече Бранко Волчевски, надзор.

Поради геологијата на теренот очекуваат дека и по завршување на патот проблеми на делови на трасата ќе има и во иднина.

Досега 72 посто од проектот е реализиран, а за изградба на патот кој почна да се гради во 2014 година, досега се потрошени 600 милиони евра.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button