ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дојава за бомби – Двајца малолетници ги испратиле мејловите до школите

Двајца 14-годишни малолетници од Скопје ќе бидат пријавени за праќање лажни дојави за бомби во училишта, откако секторот за борба против тероризам при МВР поднесе известување до обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Станува збор за лажните дојави кои минатата недела предизвикаа паника во основни и средни училишта во главниот град.

Advertisements

Пријавените малолетни лица на 19.02.2025, од мобилниот телефон на едниот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена бомба во две училишта (едно основно и едно средно) во Скопје. Исто така, на 21.02.2025 од мобилниот телефон на другиот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за за поставена бомба во две училишта (едно основно и едно средно) во Скопје, велат од МВР.

Од МВР велат и дека набргу откако училиштата добиле порака биле извршени антитерористички проверки во кои не биле пронајдени експлозивни направи, а потоа специјални тимови при МВР успеале да лоцираат и од каде биле испратени пораките.

„По преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал, утврдено е IMEI-то на мобилниот уред користен од страна на корисничкиот имејл од каде се пратени пораките. По извршени проверки утврден е идентитетот и малолетниците на 25.02.2025 се повикани во полициска станица каде по извршен разговор го признаа делото и го појаснија начинот на извршување на истото“, додаваат од МВР.

За време на разговорот во полицијата со малолетниците биле присутни и нивните родители. Одземени им се мобилните телефони со СИМ картички за стореното кривично дело.

Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button