ВЕСТИРЕГИОН

Дојава за бомби во неколку училишта во Белград

Неколку средни училишта во Белград утрово добиле дојави за поставени бомби, по што полициски екипи вршат проверки.

Advertisements

Како што објавија тамошните медиуми, полициски екипи се во Медицинското училиште на Звездара во Белград, каде што вршат проверка по дојавата за бомба. Н1 неофицијално дознава дека и 14-та и 7-та белградска гимназија се евакуирани поради дојавата за бомба.

Белградската 7. гимназија се наоѓа во Миријево, а 14-тата на Звездара.

Како што потврдија за РТС, дојавата за бомба во Медицинското училиште била примена околу 7 часот и 10 минути.

Полициски екипи се на терен и вршат увид во објектот.

„Во седум и пол само дојдоа и ни рекоа да излеземе од училиштето. А директорката само ни рече да се оддалечиме ако се случи нешто за да не бидеме блиску. Прво дојдоа двајца полицајци во автомобилот, а сега уште двајца во комбето. Сите стоиме пред училиштето“, се вели во објавата на Инстаграм страната на „Србијалајв“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button