ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дојави за бомбa во 31 училиште во Скопје, во тек се проверките

Дојави за наводно поставени експлозивни направи утрово пристигнале на електронските адреси на 31 училиште во Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Advertisements

Полициските службеници веднаш по добиените пријави излегле на терен и во тек се антитерористички проверки.

„Денеска (01.03.2023) до 08.20 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 31 училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, се наведува во информацијата од МВР.

Оттаму не посочуваат за кои училишта станува збор, но според информациите на „360 степени“ дојави се пристигнати на електронските адреси на школи во општините Центар, Аеродром, Карпош и Кисела Вода.

Денешните дојави неофицијално пристигнале во гимназиите Никола Карав, Орце Николов, Јосип Броз Тито, Раде Јовчевски Корчагин, како и во основните училишта Гоце Делчев и Христијна Тодоровски Карпош.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button