ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дојави за бомби денеска во охридскиот суд, 27 скопски и едно прилепско училиште

И оваа работна недела почна со дојави за поставени експлозивни направи. Денеска на мета на дојавувачите се Основниот суд во Охрид, но и неколку основни и средни училишта во Скопје.

Advertisements

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека дојавата утрово била добиена на електронска адреса, по што веднаш се преземении мерки за евакуација.

„Денеска во 07:50 часот во СВР Охрид пријавено e дека на електронската адреса на Основен суд Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот и во тек се антитерористички проверки“, вели Димоски.

На местото се екипи на полицијата, на Службата за итна медицинска помош како и на Територијалната противпожарна единица.

Објектот е изолиран, а полицијата не дозволува движење возила и пешаци на едниот крак од булеварот „Македонски просветители“.

Дојави за бомби денеска има и во 19 средни и осум основни училишта во Скопје и едно основно училиште во Прилеп.

Од министерството за внатрешни работи велат дека учениците се евакуирани и во тек се проверки на објектите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button