ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дојави за бомби повторно, уште рано изутрина пристигнале на адресите на 18 училишта

И денеска, како и вчера, рано изутрина имало дојави за бомби на електронските адреси на 18 училишта во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Advertisements

„Денеска (02.03.2023) до 08:20 часот во МВР e пријавено дека на електронските адреси на 18 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопштија од МВР.

Вчера дојави за бомби нешто по 08:00 часот изутрина имаше во повеќе училишта во Скопје. Првично МВР соопшти дека закани за поставени експлозивни направи имало во 31 училиште, но потоа бројката се искачи на 120 дојави.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button