ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дојави за бомби во училишта во Скопје и Прилеп, полицијата е на терен

Осум училишта во Скопје и две училишта во Прилеп утринава добиле закани за поставени експлозивни направи, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Advertisements

„Денеска (20.02.2023) до 09:30 часот е пријавено дека на електронските адреси на осум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопшти МВР.

Дојави за бомби во училишта имаше и минатата недела. Освен во Скопје, закани за поставени експлозивни направи добиваа и училишта во Куманово и Прилеп. Покрај официјалните електронски адреси на училиштата, заканите се упатуваа и на приватни мејлови на професори.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button