Дојави за лажни бомби во ГТЦ, МНР, училишта
Дојави за лажни бомби во ГТЦ, МНР, училишта

И денеска алармите за бомби ги трауматизираа жителите на главниот град. Лажни дојави за бомби денеска беа испратени во Градскиот трговски центар, во МНР, во населбата Аеродром, како и во некои училишта. Граѓаните велат дека не веруваат оти институциите ќе ги фатат сторителите.
“Требаше досега да се преземат мерки, два дена сме во Скопје и не е пријатна ситуација.. Тоа е слабост на државата, мора да ги преземат сите мерки да го најдат сторителот“, рече еден граѓанин.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од министерот за внатрешни работи.
Од МВР велат дека откако ги направиле сите потребни проверки, констатирано е дека се работи за лажни аларми. Подолг период во земјава има лажни дојави за поставени бомби во владини институции, трговски центри и училишта./Alsat.mk
Мефаил Исмаили