ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дојавувачите на бомби во училиштата државата ќе ги гони за тероризам

Дојавувачите на бомби во училиштата државата ќе ги гони за тероризам

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа, говореше за дојавите за бомби. Според него, индикативно е како од моментот кога беа донесени новите протоколи, ваквите појави сериозно се намалиле или престанале. Спасовски вели дека зад случувањата во голем дел играат и геостратешките интереси коишто се испреплетуваат во државата, а полицијата веќе открила група која испраќала вакви дојави.

Advertisements

„Веќе поднесовме една кривична пријава против еден малолетник и практично навлегуваме во една група на лица коишто учествувале во праќањето на дојавите по електронски пат и токму користењето на VPN адреси итн и сме во позиција за која за многу скоро време целата таа група ќе биде комплетно разоткриена, ќе бидат поднесени кривични пријави за делото тероризам. И ова како појава нас ни овозможи практично да направиме и промени во делот на протоколите за постапувањето“, рече Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button