ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дојде тромесечие, учениците Албанци од Идризово сè уште не се на училиште

Учениците Албанци од Идризово кои треба да бидат шесто одделение влегоа во третиот месец од бојкотот поради немањето настава на албански јазик во основното училиште „Његош“ во општина Гази Баба. Во случај да ја изгубат учебната година, Советот на родители ќе бара одговорност од министерот за образование и од градоначалникот на Гази Баба, кои, како што велат, ги користат децата за политички поени.

Advertisements

„Ако ја загубат годината, одговорноста за ова прашање ќе им ја препуштиме на министерот и на градоначалникот. Апелирав до нив, нашите деца да не ги користат за политички поени, за партиски интереси. Ова е трет месец откако децата не одат на училиште, апелирам да најдат решение бидејќи децата ќе ја загубат годината. Бараме и директорката да сноси одговорност затоа што нашите деца ги запиша на македонски јазик“, рече Ризван Сефери, Совет на родители.

Министерот за образование пак, вели дека не се откажува од отворање на албанската паралелка за шесто одделение. Ги повика општинските советници да гласаат позитивно.

„Тие не прават ништо, никакво кривично дело, ако овозможат да продолжат да учат на мајчин јазик. Сè додека политичкиот субјект од опозицијата апелира до мене или ме повикува за општина Делчево или во која било друга општина за отворање на паралелки, јас ќе прифатам секаков вид на барање, но тоа да го направи и во општина Гази Баба, поточно во училиштето Његош“, рече Јетон Шаќири, министер за образование.

Од Гази Баба за Алсат велат дека се очекува до крајот на ноември да се одржи седница на Советот на општината, каде на дневен ред ќе биде и барањето за отворање на албанската паралелка.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button