ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Доказ М“, Стаменковски бара повлекување на обвинителот Рајчев

Сопственикот на веб-страницата „Доказ М“, Марјан Стаменковски, во Апелациониот суд побара повлекување на обвинителот Сашо Рајчев од застапувањето на овој предмет. Тој рече дека токму овој обвинител му дал информации и текстови за објавување на неговата веб-страница. За дел од токму тие текстови Стаменковски е осуден од Кривичниот суд бидејќи во нив било констатирано дека има ксенофобичен материјал и други незаконски информации.

Advertisements

„Барам почитуваниот обвинител да биде повлечен од овој предмет поради судир на интереси, бидејќи според мои сигурни информации, обвинителот Сашо Рајчев ми испраќал информации кои се дел од предметите за кои ми судите, исто така и за предмети за што ми се извини шефот на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи, но и за други случаи“, рече Стаменковски.

Стаменковски тврди дека обвинителот Рајчев му испратил доверливи податоци поврзани со Хајрулахи. Но, Рајчев негираше каква било соработка со обвинетиот.

Шефот на Вишото обвинителство, Мустафа Хајрулахи, како надлежен да одлучи дали Рајчев ќе биде повлечен од застапувањето на предметот, реши самиот да се повлече. Причина – Стаменковски го споменувал во барањето. Ова е сега делегирано до главниот обвинител на СМакедонија, кој се очекува да одлучи до следното рочиште закажано за 19 мај. Во април годинава Стаменковски беше осуден на затворска казна од три години и еден месец, забрана за вршење работи поврзани со кривичното дело во наредните 10 години и парична казна од 5.000 евра. Тој е прогласен за виновен за сторени вкупно 5 кривични дела.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button