ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Доктор убиен со нож пред поликлиниката во Железара

Со повеќе убоди од нож синоќа е убиено едно лице пред поликлиниката во населбата Железара во Скопје.

Неофицијално убиеното лице е матичен доктор на кој сѐ уште непознат сторител му нанел 9 убоди со нож од кои тој починал. Според полициски извор станува збор за разбојништво кое завршило со смртни последици.

Како што информираат од МВР за МИА, според пријавеното, тој бил пронајден од неговиот син, кој почнал да го бара откако не се вратил дома од работа.

– На 21.03.2024 во 23:09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската населба Железара каде во текот на ноќта беше пронајдено безживотно тело на лекар со повеќе убодни рани. Телото на починатиот го пронашол неговиот син“, соопштија од ОЈО.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзор. Се преземаат дејствија за расчистување на настанот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button