ВЕСТИСВЕТ

Доктори: Да се каже за несаканите ефекти од вакцната против Ковид-19, тоа нема да биде „прошетка во парк“

Службениците за јавно здравје и производителите на лекови треба да ги предупредат луѓето дека  вакцинирањето против коронавирусот може да има и некои груби несакани ефекти, повикаа лекарите за време на состанокот во понеделникот со советниците од Центарот за контрола и превенција од болести на САД – (CDC), додавајќи дека јавноста треба да знае што да очекува, за да не се исплашат кога ќе треба да ја примат втората доза, пренесува CNBC.

Препораките доаѓаат кога државите се подготвуваат да ги дистрибуираат вакцините против Ковид-19 веќе од следниот месец.

Д-р Сандра Фрајхофер од Американското лекарско здружение рече дека и за вакцините на „Фајзер“ и за оние на „Модерна“, потребни се две дози во различни интервали. Како лекар, таа изрази стравување  дали нејзините пациенти ќе се вратат за втора доза поради потенцијално непријатните несакани ефекти што би можеле да ги доживеат по првата доза.

„Навистина треба да им предочиме на пациентите дека ова нема да биде прошетка во парк“, рече Фрајхофер за време на виртуелниот состанок со Советодавниот комитет за имунизација, надворешна група на медицински експерти кои го советуваат CDC.

„Тие ќе знаат дека се вакцинирале. Веројатно нема да се чувствуваат прекрасно. Но, ќе мора да се вратат за таа втора доза“, додава таа.

Учесниците во испитувањата на вакцините на „Фајзер за „CNBC“ во септември изјавиле дека се соочуваат со висока температура, болки во телото, лоши главоболки, исцрпеност во текот на денот и други симптоми по приемот на дозите. Иако симптомите биле непријатни, а на моменти и интензивни, учесниците изјавиле дека тие најчесто исчезнуваат по еден ден, понекогаш порано и оти е подобро да се издржат отколку да се добие Ковид.

Двете компании признаа дека нивните вакцини можат да предизвикаат несакани ефекти кои се слични на симптомите поврзани со лесен Covid-19, како што се болка во мускулите, треска и главоболка.

Една жена од Северна Каролина, на возраст од 50 години, во студијата на „Модерна“, рекла дека не доживеала треска, но претрпела лоша мигрена. Таа појаснила дека се разбудила следниот ден и се чувствувала подобро, но додаде дека Модерна можеби треба да им каже на луѓето да земат слободен ден по втората доза.

Петси Стинфилд, медицинска сестра од Минесота, смета дека официјалните лица и производителите на лекови би требало да се обидат да зборуваат за несаканите ефекти на попозитивен начин. Според неа,  посоодветно би било да се користи термин како што е „одговор“ наместо „несакана реакција“.

„Овие се имуни одговори“, рече Стинфилд. Ако почувствувате нешто по вакцинирањето, треба да очекувате дека ќе го почувствувате тоа. Нормално е да имате болка или замор во рацете, болки во телото и можеби дури и треска. Можеби дури и да мора да се отсуствува од работа“, вели таа.

Состанокот на комитетот доаѓа три дена откако „Pfizer“ и нејзиниот партнер „BioNTech“ поднесоа барање за одобрение од Агенцијата за храна и лекови (ФДА), за итно користење на нивната вакцина против коронавирусот.

Процесот на ФДА се очекува да трае неколку недели, а состанокот на Советодавниот комитет за преглед на вакцината е закажан за почетокот на декември. Некои Американци би можеле да ја добијат првата доза на вакцина за околу еден месец.

Извор: CNBC

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button