ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Доктори: На здравството му треба целосен ресет

Доктори: На здравството му треба целосен ресет

Македонските болници располагаат со добра апаратура, но истата е малку искористена.За да работите се променат потребна e итна реорганизација на работата и едукација на персоналот, вели доктор Никола Бакрачески, од Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.

Advertisements

„Би рекол дека има доволно апаратура, меѓутоа она што недостасува е организација на работа и можност за искористеност на таа апаратура. Една од причините е секако и мотивацијата.Впечаток е дека докторите порано беа повеќе мотивирани да градат кариера и да усвојуваат нови техники, процедури, методи, да бидат во чекор со светските достигнувања“, рече Никола Бакрачески-лекар.

Дополнителен проблем е масовниот одлув на лекари. На годишно ниво си заминуваат околу 250 од нив, но и друг медицински персонал, како што се медицински сестри.

„Во изминатите неколку години се случија две позитивни промени, кои можеби задржаа дел од персоналот, а тоа е можноста докторите да работат приватна дејност со измените на законската регулатива.Законот за дополнителна дејност на доктори е една од мерките која можеби во иднина, ако се подобрат некои елементи во здравствената регулатива, би задржала добар дел од докторите“, додаде тој.

Поради одливот на лекари, цели одделенија остануваат без персонал. Таква е сликата и во Охрид.

„Во сите одделенија има дефицит на кадри, каде и да се свртиме.Дали на офталмологија, радилогија, кожно, очно.Реуматолог немаме во целата област. Нема каде да се обратиме. Ние и да сакаме да услужиме пациент или да дојдеме до некоја дијагностика,неможеме поради тој дефицит. Со детското одделение знаете што се случува.Цел Охрид навечер, сабота, недела, е приморан децата да ги носи во Струга, а и таму половината се за во пензија. Треба во здравствениот систем ресет да се направи, за да некои проблеми се решат“, рече Виолета Мицкоска-лекар.
Лекарите велат дека работите можат да се променат, со изнаоѓање на системски решенија, преку подобрување на статусот на здравствениот персонал и нивните примања, што треба да испорача и подобри здравствените услуги за пациентите./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button