ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Докторите за борат за живот на пешакот, удрен од автобус на ЈСП

Докторите за борат за живот на пешакот, удрен од автобус на ЈСП

„Пациент над 80 години во тешка состојба е примен во Ургентниот центар и веднаш е реанимиран. Пациентот е на интензивна нега и веќе се направени потребните дијагностички анализи. „Медицинските тимови вложуваат максимални напори за да се усогласат со медицинските протоколи и се борат за неговиот живот“, велат од Ургентен центар.

Advertisements

Ова е здравствената состојба на човекот кој денес 15 минути пред пладне беше удрен од автобус на ЈСП во Транспортниот Центар. Сведоците за Алсат рекоа дека тој се двиѓел полека потпирајќи се на бастун зад автобусот без да го забележи возачот кој го управувал автобусот во рикверц со мала брзина и удрил во него. Сведоците велат дека пожарникарите и брзата помош пристигнале многу брзо и го пренеле повредените во Ургентниот центар.

Граѓаните рекоа дека често се чувствуваат загрозени во сообраќајот, особено од малолетни возачи. Сепак, не ги исклучуваат пешаците како чести виновници за несреќите.

Министерството за внатрешни работи исто така извести дека се преземаат сите мерки за расветлување на случајот./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button