ЕКОНОМИЈА

Доларот ја надмина вредноста на еврото – европската валута на најниско ниво во последните 20 години

Заклучно со денеска, азиските акции се во пад веќе шеста сесија по ред, откако повторниот скок на цените на енергентите во Европа ги поттикна стравувањата од рецесија што, пак, придонесе вредноста на еврото да се спушти на најниско ниво во последните 20 години, објави „Евроњуз“.

Advertisements

Еврото падна под вредноста на американскиот долар во понеделникот, по вторпат оваа година, бидејќи се интензивираше загриженоста од влошување на енергетската криза и од дополнително заострување на монетарната политика на САД. Еврото на девизниот пазар се тргуваше по цена од 0,9953 долари, наведува „Синхуа“. كازينو دوت كوم

Референтните цени на гасот во Европската Унија се зголемија за 13 отсто во текот на ноќта, на рекордно највисоко ниво, со што двојно се зголемија за само еден месец и сега се 14 пати повисоки од просекот во изминатата деценија.

Аналитичари на американската „Сити банк“ во понеделникот предупредија дека инфлацијата во Велика Британија може да достигне 18 отсто доколку цените на енергијата не се ограничат, што е повеќе од деветпати од прогнозата на Банката на Англија. Инфлацијата на потрошувачките цени последен пат достигна такво ниво во 1976 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button