ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Долги колони на патот Скопје-Блаце

Долги редици на чекање. Свирења, нервоза! Неколку километри откако ќе ја поминете границата во Блаце, повторно треба да чекате ред покрај патот што води кон Скопје. Голем проблем во екот на летната сезона е тунелот каде што е блокирана едната сообраќајна лента поради тековни работи. Но, и покрај тоа што 3 август е работен ден, очигледно не и за подизведувачот на Јавното претпријатие „Државни патишта“. Тука веќе подолго време нема работници и машини. Веќе шест месеци е поставено скеле, асфалтот е ископан, а дел од ѕидот е оставен полуобоен.

Многуте автомобили на двете страни на патот од Блаце кон Скопје и обратно предизвикаа нервоза, особено во екот на сезоната кога бројот на автомобили е доста голем. Причина за колоната се работите во овој тунел кој со месеци не е саниран и предизвикува пречки во слободното движење на граѓаните.

Возачите се револтирани што нивното време поминува во чекање. Иселениците, споделија искуство како овие работи се завршуваат во западните земји.

Граѓанин „Отсекогаш сме чекале, навикнати сме да чекаме! Но не е добро, особено за време на одмори ова да се случува. Овие работи се прават и во Швајцарија и другите западни земји, но обично се работи кога нема сообраќај. Таму работат ноќе со зголемен интензитет, но не сега кога сите иселеници се тука, се случува овој хаос!“

„Овој тунел требаше да биде завршен најмногу за 1до 2 недели! Но, проблемот е што не требаше да почне сега. Кога ќе се вратат иселениците тогаш нека работат а не за време на одмори, тука е проблемот“, реагираат граѓаните.

Меѓу патниците кои чекаа, беше и долгата колона сватови што доаѓаа од Косово кон Македонија застана на половина пат поради чекање на семафорите. Но, имаше и танцување!

Официјалната информација што ја добивме од Јавното претпријатие „Државни патишта“ е дека работите повремено предизвикуваат застој на автомобилскиот сообраќај на патната оска Скопје-Блаце. Изведувач на работите е градежната компанија „Гранит“ Скопје, од каде велат дека реновирањето во тунелот почнало во март и не се знае колку ќе трае.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button